Ексклава е област која е оддалечена од својата главна матична држава и не се граничи со неа ниту во една точка. Интересен пример за ексклава во државната организација представува Калининградската боласт (црвената точка на сликата).
Калининградската област историски ѝ припаѓала на Прусија, којашто била ексклава на Германија сѐ до Втората светска војна. Тука бил роден и познатиот философ Емануел Кант. Советскиот Сојуз подоцна ја припоил областа кон Русија. Сите жители со германско потекло побегнале, а се доселиле Руси. Сменети се имињата на градовите и другите топоними. РЕгионот станал интересен по распадот на Советскиот Сојуз, бидејќи останал опкружен од Полска и Литванија, коишто подоцна станаа членки на Европската Унија, во физичка изолација од Русија. Областа излегува на на Балтичкот оМоре и има нешто помалку од милион жители, пред сѐ Руси кои ѝ се верни на матичната држава.
Од пред една година жителите имаат право без виза да влегуваат во Полска и преку неа да патуваат во Русија, но под услов да не влегуваат во Европската Унија подлабоко од педесет километри. Тоа сосема добро им дошло, бидејќи не се дел од Шенгенскиот договор.
Целата област за русија има голема стратешка важност. Тоа е една од најмилитаризираните зони на Русија. Има излез на Балтичко Море во регион кој никогашне замрзнува, што е прилично значајна воена предност.