Хенриета Лакс била сиромашна црнкиња од САД кога починала на 4. октомври 1951 година од рак на грлото на матката. Имала само 31 година. За време на лекувањето, нејзиниот доктор во болницата Џон Хопкинс зел примерок од клетките на нејзиниот тумор, без знаење на никого, и ги пратил на колегата Џорџ Греј.

Д-р Џорџ Греј веќе дваесет години безуспешно се обидувал да одлгеда човечко ткиво во лабораториски услови. Лабораторискиот техничар открил дека клетките на Хенриета, за разлика од сите други, можеле да се размножуваат и да живеат нормално надвор од човечкото тело. Кога го откриле ова, докторите биле вчудоневидени и воодушевени, бидејќи сега слободно можеле да вршат експерименти со човечки клетки.

henrieta

Тоа што е специфично кај нејзините клетки е тоа дека тие никогаш не умираат, во споредба со нормалните човечки клетки. Нормалните човечки клетки умираат по неколку размножувања, а клетките на Хенриета можат да преживеат и надвор од човечкото тело што е единствен случај. Тие без проблеми се размножуваат во лабораториски услови веќе шеесет години и научниците претпоставуваат дека тие можат да траат неограничено време.

Бесмртните клетки на Хенриета посужиле за многубројни научни истражувања. Токму благодарение на нејзините клетки бил откриен лек за многу болести, како грип, херпес, леукемија, хемофилија и други. Нејзините клетки дури биле пратени и во вселената, за да се испита дали човечкото ткиво може да издржи нулта гравитација. Научниците ги размножиле овие клетки толку многу, што сите заедно денес би тежеле околу педесет милиони тони. Речиси и да е постои лабораторија во светот која не работела со клетките на Хенриета.

Хенриета починала од труење, во посебна болница за црнци осум месеци откако ѝ бил дијагностициран рак, во време кога во Америка сѐ уште била раширена сегрегацијата и дискриминацијата кон црнците. Никогаш не дознала дека нејзините клетки станале важни за науката и на многумина им овозможиле да заработат милиони. Тоа бил првиот човечки биолошки материјал кој се купувал и продавал.

Нејзините потомци и понатаму живеат во сиромаштија, и до скоро не ни знаеле дека ѝ биле земени клетки и колку тие допринеле за напредокот на медицината. Научниците сѐ до 1970 година го криеле вистинското потекло на клетките, и за нив го употребувале псевдонимот Хелен Лејн.

Сподели на Facebook
пати видено