Стручњаците често нѐ предупредуваат дека е потребно секојдневно да внесуваме овошје и зеленчук кои благотворно делуваат на нашето здрајве. Од таа причина фактот дека Ескимите, односно Инуитите воопшто не јадат овошје и зеленчук делува изненадувачки.
Со оглед на тоа дека тие сиот свој живот го минуваат во предели оковани во мраз и снег, нивната исхрана се состои исклучително од масти и белковини од животниско потекло. И покрај тоа, тие помалку заболуваат од срцеви заболувања, висок притисок и други болести кои ги предизвикува храната богата со масти.
Научниците подробно ја проучувале оваа појава и дошле до заклучок дека и покрај тоа што готово и да не внесуваат јаглехидрати, Ескимите сепак внесуваат доволни количества на витамини. Нивните оброци се состојат од сирова риба, како и месо од фока, китови и други животни кои можат да преживеат во тие зимски краишта. Таквата храна е погодна, бидејќи им овозможува доволно енергија потребна за функционирање во тешки услови. Многу од витамините кои ги има во месото се уништуваат со готвењето, па така Инуитите јадејќи сирово месо внесуваат доволно витамини во својот организам.
Денес вистинските Ескими ги има сѐ помалку и помалку, бидејќи сите почнуваат да живеат современ живот, далеку од ледените услови. Но, нивниот пример е многу интересен за науката, како и за сите нас.