Во Саудиска Арабија, во јужните провинции Џизан и Асир, долж границата со Јемен живеат легендарните „Цветни мажи“. Со векови, потомците на античките племиња Тихама и Асир сакале да носат шарени венци.

Венците се направени од свежи цвекиња и освен што изгледаат прекрасно, исто така и мирисаат. Кога фотографот Ерик Лафоргу отишол да се запознае со нив, првата работа која ја направиле била да му стават венец на главата.

Некои замислуваат дека Саудиска Арабија е огромна пустина, но тие не се во право: повеќе од 2000 видови флора може да се најдат во Царството. Венците се прават секое утро на локалните пазари како Сабја или Адаир.

Мажите доаѓаат на пазарот за да купат готови венци рано наутро пред да стане премногу жешко. Некои претпочитаат да си одбератсами билки и цвеќиња и да ги подготват сами венците за поуникатен изглед. Билки, како што се див босилек, и цвеќиња од невен, се најпопуларни.

Тие најчесто носат традиционални чевли направени од палмови лисја. Пред дваесет години, тие воделр целосно изолирани животи без електрична енергија или бетонски патишта и живееле според диктатите на конзервативниот племенски закон. Ниту една жена не може да се види на тие пазари, тоа е машки бизнис.

Најголемата мода е цвеќињата на нивните глави да одговараат со бојата на нивната брада која ја бојадисуваат со природни бои. Многумина велат дека изгледаат многу помлади и многу поатрактивни.

И покрај нивната љубов кон цвеќето, племињата се познати по своите борбени вештини. Долго време, тие не сакале да ги фтографираат или да се запознаат со странци. Меѓутоа, со зголеменото темпо на економскиот развој во рамките на Кралството Саудиска Арабија, работите брзо се менуваат.

Сподели на Facebook
пати видено