Статуа на Дева Марија во црква во Ново Мексико наводно лее солзи, кои мирисаат на рози.

Верниците во црквата на Пресвета Богородица од Гвадалупе во Хобс, Ново Мексико, прв пат го забележале „чудото“ за време на миса во неделата.

Свештеникот на црквата, отецот Хозе „Пепе“ Сегура, рекол дека член на парохијата му рекол за солзите и видел дека луѓето го бришат лицето на статуата само за да се појават солзите. „Тогаш видов дека навистина плаче. Мислам дека тоа е потсетник за сите нас да се доближиме до Бога и да престанеме да бидеме насилни.“, изјавил отец Пепе.

Луѓето од цело Ново Мексико и Тексас почнале да се собираат во црквата. Црквата била затворена четири часа, додека властите собирале примероци од „солзите“. Тие, исто така, ќе ја стават на рентген статуата, ќе ги интервјуираат сведоците и ќе се вратат назад до местото каде што е направена статуата. Процесот може да трае со години.

Но, без оглед на тоа што ќе пронајде Црквата, верниците се уверени дека биле сведоци на чудо.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено