Секој во одреден момент во животот посакал да е невидлив, дали како дете кога сме играле криенка со другарите или како возрасен кога шефот доаѓа во инспекција, а ништо не сме сработиле. Епа оваа компанија има добри вести за вас.

Канадскиот производител на облека за камуфлажа презема големи чекори кон реализацијата на невидливата наметката на Хари Потер.

Hyperstealth Biotechnology аплицирале за патент на нивниот нов изум наречен „Quantum Stealth“. Иако можеби не изгледа како магична наметка или способност на суперхерој сепак ефикасно крие што стои зад неа. Еве како функционира:

Со користење на лентикуларни леќи (тие се наоѓаат на совемените 3D DVD) технологија со „евтината и тенка хартија“ која го витка светлото околу целта за да ја смени нејзината позиција или да ја направи целосно да исчезне, оставајќи ја само позадината видлива.

Она што е супер за „Quantum Stealth“ е тоа што не бара извор на енергија, затоа има скоро неограничена употреба, може да се користи во текот на денот или ноќта и е неверојатно евтин за производство. Едно парче Quantum Stealth може да функционира во која било околина во која било сезона во кое било време од денот или ноќта, нешто што не може да го направат другите видови на камуфлажа.

Технологијата почнала да се развива уште во 2010 година и компанијата соработувала и со воените организации за да се забрза процесот.

Сподели на Facebook
пати видено