Хомосапиенс, посебен вид на животни, кој одамна е во фаза на изумирање… се шегуваме тоа сме ние, луѓето, или барем така мислат некои од нас. Џими Кимел реши во својата емисија да објави „анкета“ од Американци кои треба да одговорат на прашањата кои се однесуваат на спасување на „реткиот вид Хомосапиенс“. За жал од анкетата можеше да се заклучи дека некои луѓе сѐ уште припаѓаат на ерата на Неандерталецот.

Една жена кажа дека воопшто не ѝ е грижа што ќе изумрат и дека секако не го сакала „видот“, а додека друга возбудено вели дека успеала да запознае еден во зоолошката градина и го видела како се игра со своето „мочало“. Можеби тетката која на крај вели „Хомосапиенс оставете го да умре, спасете ги луѓето“ навистина е во право?

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено