Дали некогаш сте се запрашале за разликата помеѓу емоционалната интелигенција и менталната сила? Тоа е прашање кое предизвикува размислување, бидејќи има многу недоразбирања околу тоа што навистина значи да се биде ментално силен и многу митови за тоа како може да се развие емоционална интелигенција.

Значи, што е емоционална интелигенција?

Дефиницијата на терминот „емоционална интелигенција“ се менува со текот на годините. Според основната дефиниција на речникот на Кембриџ, емоционалната интелигенција е способноста да се разбере начинот на кој другите луѓе се чувствуваат и реагираат и да ја користат оваа способност да прават точни пресуди и да ги избегнуваат или решаваат проблемите.

Иако концептот на емоционална интелигенција(EQ) се појавил во 1960-тите години, тој не бил широко познат до 1995 година, кога Даниел Голман ја објавил книгата „Емоционална интелигенција: Зошто може да значи повеќе од IQ“, која стана бестселер. Меѓутоа, со текот на годините, многу луѓе не ги разбрале изјавите на Голман. Додека тој тврдел дека емоционалната интелигенција може да понуди конкурентна предност во одредени средини, тој, исто така, забележува дека високиот EQ не мора да води до повисоки академски достигнувања или подобри SAT резултати, бидејќи тие работи зависат повеќе од IQ.

Тој идентификува пет основни компоненти на EQ:

Самосвест. Способност да ги забележите и разберете Вашите емоции и желби, како и нивниот ефект врз другите луѓе.
Внатрешна мотивација. Страст за работа која оди подалеку од парите и статусот, како внатрешна визија за тоа што е значајно во животот или радоста да се направи нешто корисно.
Саморегулација. Способност да се пренасочат импулси и расположенија, и да се размислува пред да се делува.
Емпатија. Способност да се препознае емотивниот состав на другите и подготвеноста да се однесуваат кон нив според нивните емотивни реакции.
Социјални вештини. Овие вклучуваат владеење во управувањето со односите и способноста да се изградат врски со други луѓе, наоѓајќи заеднички јазик.

И, што е ментална сила?

Терминот ментална сила често се користи наизменично со ментална издржливост. Сепак, во зависност од тоа како некој ја дефинира менталната издржливост, постои добра шанса дека двата термини не се исти. Менталната издржливост повеќе се однесува на пренасочување на физичката болка, методи кои се користат од специјалните единици. Но тоа не е исто со ментална сила, бидејќи обичните луѓе немаат потреба да трчаат со скршена нога низ минско поле.

Менталната сила има три основни компоненти:

Регулирање на Вашите мисли. Ова вклучува учење како да го обучите Вашиот ум да размислува на корисен начин. Тоа може да значи игнорирање на сомнежот во себе и замена на самокритиката со охрабрување.
Управување со Вашите емоции. Свесноста за Вашите чувства Ви овозможува да разберете како овие емоции влијаат на начинот на кој размислувате и се однесувате. Тоа може да вклучува прифаќање на чувствата, дури и кога тие се непријатни, или тоа би можело да биде за постапување спротивно од чувствата, кога тие не се добри за Вас.
Продуктивно однесување. Донесување на одлука за да се преземе акција која ќе го направи Вашиот живот подобар, дури и кога ќе се борите со недостаток на мотивација, е клучот да станете ментално силни.

Сподели на Facebook
пати видено