Додека се шетал во природа, еден фотограф снимил нешто што личело на семејство самовили. Музичарот Џон Рутлеџ решил да почкрапа малку со фотоапаратот додека едно летно утро се шетал низ поле во близина на Њубриџ, Велс. Дури подоцна кога ги прегледал сликите, забележал мали крилести суштества како летаат меѓу цвеќињата и тревата. Џон, рапер од Голди Лукин Чејн, зумирал и подобро ги видел проѕирните фигури кои се високи околу 4 сантиметри.

„Неверојатно“, вели 39-годишниот од Њупорт, Велс. „Кога ги погледнавме фотографиите, не можевме да си поверуваме на очите. Уште од дете сакав да бидам сведок на паранормален настан. Последното нешто што очекував беше да видам крилесто суштество во шума во Јужен Велс, но ете го, право пред нос – цврст доказ.“

Тој додава: „Има некои нешта во вселената кои ќе останат без одговор, но мислам дека една од најголемите мистерии во светот пратив на спиење. На крајот на градината бездруго има самовили.“

Што мислите вие, драги читатели, самовили или фотошоп?

sm01 sm02 sm03 sm04 sm05

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено