Мала статуа на Дева Марија од гипс, со златна боја им го привлече вниманието на голем број верници и ги донесе до малиот аргентински град Сан Хозе де Метан. Статуата првин била во сопственост на семејството Мендоза, но тие ја префрлиле во цркавата затоа што премногу луѓе почнале да се собираат во нивниот дом за да ја видат.

Фриас Мендоза вели дека крвавите солзи почнале да течат од статуата неколку недели пред да ја однесе во црквата. Иако мислењата на луѓето се поделени во врска со автентичноста на крвавите солзи, некои сметаат дека ова се случува поради најновиот предлог на владата да се либерализираат строгите закони за абортус на Аргентина.

Минатата година исто така во Аргентина имало слична случка со статуа на Дева Марија, која леела крвави солзи и пред да почне да го прави тоа наводно му се појавила на сопственикот на статуата во сон.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено