Ловците на НЛО шпекулираат за присуството на „вонземјанска мегаструктура“, откако на небото над Мелбурн бил забележан мистериозен триаголен објект. Овој НЛО бил забележан на небото на 13. ноември. Појавата траела помалку од две минути, но била доволна инспирација да разгори дискусија на Јутуб за тоа што би можело да биде.

„Никогаш не сум видел нешто вакво“, пишува UFO Lou. „Објектот изгледа дека е статичен. Едноставно се појавува, стои неколку минути и потоа исчезнува. Огромен по големина. Користев леќа од 50mm.“

v01

На видеото се гледа како објектот полека се појавува, започнувајќи прво како бледа сенка, за во следните 15-тина секунди да добие целосна форма. Секунда откако тој станува најјасен, наеднаш исчезнува. UFO Lou вели дека ова би можело да биде оптички феномен, предизвикан од некаков вид на светлосно одбивање, други имаат поинакви идеи за тоа што би можело да биде тоа во облаците. Имено, многумина мислат дека инцидентот е пример за „cloaking“технологија на камуфлирање, при што леталото се маскира во својата непосредна околина.

v02

„Летало кое ја покажува cloaking технологијата, веројатно интердимензионално“, коментира еден од корисниците.

v03

Во октомври, вселенскиот телескоп Кеплер на НАСА сними мистериозна снимка со чудни флуктуации на ѕвездената светлина, што предизвика теории дека се работи за голема структура на вонземјани. НАСА ги отфрли овие претпоставки, велејќи дека структурата најверојатно е природен феномен.

v04

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено