Вселенските агенции и научници ширум светот трошат милијарди долари во потрагата по знаци за вонземјански живот на површината на Марс, но според ловците на вонземјани, можеби сето време им е пред нос. Во видео клип објавен од самоук истражувач на паранормалното се тврди дека е идентификуван череп на џиновски вонземјанин или некаков вид Сасквач. Чудниот предмет бил забележан на слики кои биел снимени од роверот „Кјуриозити“ на НАСА, кој кружи по планетата уште од 2012 година. Во описот под видеото тој пишува:

„Чудниот артефакт најден од роверот личи на голем череп, очигледно вонземјански по природа, дали тоа се останки на Сасквач или можеби на некакво чудно марсовско суштество?“

Черепот не е првиот сомнителен предмет кој бил забележан на снимките пратени од Кјуриозити. Луѓе тврдат дека на сликите разни работи, почнувајќи од одраз на ајкула, што наводно докажува дека планетата некогаш била прекриена со океани, па се до човечки лица, па дури и египетски саркофази.

ms01 ms02 ms03

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено