Џиновска змија долга 10 метри била најдена на едно градилиште во северен Бразил. Огромниот влекач тежок 400 килограми бил најден од градежни работници по експлозија во пештера во Алтамира, Пара. Снимката снимена најдена од работниците го прикажува огромното тело на змијата, чијшто пречник изнесува еден метар. Змијата била окована за кран и потоа крената во воздухот. Многу корисници на социјалните медиуми ги критикуваат работниците затоа што ја заробиле, и очигледно и убиле змијата, наместо да ја остават во природната средина.

„Не сум сигурен дека ова е вистина, но ако е, срам да им е на тие луѓе што ја убиле. Толку голема сника сигурно живеела многу долго, за да биде убиена за само неколку слики? Каква штета..“, коментира еден.

Гинисовиот рекорд за најдолга змија во заробеништво во моментот го држи Медуза, змија во Канзас Сити, САД, којашто е долга 7,6 метри.

sl01 sl02 sl03 sl04 sl06

Сподели на Facebook
пати видено