Некои луѓе купуваат подароци или одатна романтични вечери со цел да им ја искажат нивната посветеност, но некои девојки буквално ги носат своите момчиња на грб. Се појавија чудни фотографии на кои се гледа како жена од Вухан, Кина, го носи своето момче на грб преку поплавената улица, за тој да не си ги упропастел скапите кожни чевли.

За кинеските медиуми таа изјавила: „Јас носам сандали, па така не е важно ако ја минам поплавената улица. Тој носеше кожни чевли кои потоа би требале многу внимателно да се исчистат. Па така беше полесно да го пренесам преку водата.“

На социјалните медиуми човекот бил критикуван од многумина, бидејќи најочигледното решение било тој да ги собуе обувките, а не да ја мачи девојката. А и срамота е вака.

cv01 cv02 cv03

Сподели на Facebook
пати видено