Во 10 часот вечерта во март минатата година, Џенифер Гросбек излетала од пат во северниот дел на Јута, САД, додека се враќала од вечера со нејзините родители и се струполила во ледените води на реката Спениш Форк. Што е тоа што предизвикало таа да скршне од патот останува мистерија, но утврдено е дека предното тркало на нејзиниот автомобил закачило во бетонскиот ѕид на мостот, предизвикувајќи возилото да се преврти и да падне долу во водата. Треснало по покривот во плитките води со толкава силина, што ветробранот целосно се распрснал а покривот се смачкал како да е од картон.

ang01

Надвор од видното поле на минувачите на патот, црвениот Доџ стоел четиринаесет часа во водата која достига до градите, сѐ додека не бил забележан од рибар, кој видел како од скршениот прозорец виси човечка рака. На местото на настанот пристигнале четири полицајци, чиишто залагања биле снимени со телесната камера на едниот од нив, по што снимката била видена илјадници пати на интернет. Тие влегле во водата, толку студена што подоцна седум полицајци и пожарникари завршиле во болница поради хипотермија, очајно обидувајќи се да влезат во смачканото возило. Две минути потоа, камерата снимила нешто што звучело како слаб глас на возрасен човек, кој звучел како итен повик за помош, на што полицаецот Џаред Ворнер одговора со: „Помагаме, доаѓаме.“

ang03 ang04

Кога го превртеле возилото наполнето со вода на страна, виделе дека дваесет и петгодишната млада мајка веќе одамна била мртва. Но, на задното седиште имало бебе, осумнаесетмесечната ќерка на г-ѓа Гросбек, лили. Превртено надолу и врзано во детското седиште коешто ја држало над водата, со облеката не му се наводенила, лицето на детенцето цела вечност стоело веднаш над матната вода. Несвесна и страдајќи од смрзнатини, Лили успешно била реанимирана во локалната болница. Нејзиното чудесно преживување се нашло на насловните страници ширум светот, и многу подоцна, четворицата полицајци разговарајќи за тие бурни минути, сфатиле дека има нешто што ги збунува. Ако мајката умрела на лице место од силината на ударот, а бебето било во несвест, тогаш чиј бил женскиот глас за кој се колнат дека го слушнале како доаѓа од колата?

ang05

Еден од полицајците, Тајлер Бедоуз, верува дека го знае одговорот: Лили била спасена од ангел чувар кој ја тешел за време на мрачната и студена ноќ во полупотопената кола и потоа повикал за помош во миговите кога нејзиниот живот висел на конец. Во својата нова книга, „Доказ дека ангелите постојат“, Бедоуз, кој е полицаец со десетгодишно искуство, опишува како спасувањето во него ја зацврстило религиозната вера, која што појано не ја чувствувал толку силно. Во такви случаи, човек можеби ќе се посомнева дека во таквите моменти на силно емоционална возбуда, чувствата можат да си поиграат со човечкиот разум и религиозните убедувања да се измешаат со реалноста. Имено, Бедоуз е мормон, припадник на религија во која се верува дека сите имаме личен ангел чувар.

ang06

Сепак, случајот на Лили Гросбек нема јасно објаснување. Еден суеверен полицаец можел да се излаже дека слушнал мистериозен глас. Но, тешко е да се игнорираат четири сведоци, особено со снимката на која е снимен тој пригушен глас и одговорот на полицаецот на него.

Полицаецот Брајан Девит кажал: „Бевме долу, во автомобилот и еден глас повика – `Помогнете ми, помогнете ми!“

Џеред Ворнер, полицаецот кој во видеото одговара на повикот, четири дена подоцна изјавил: „Сите четворица би можеле да се заколнеме дека слушнавме како некој во автомобилот вика: `Помош!` Мислам дека тоа не поттикна уште некое време да туркаме уште посилно, за да го превртиме автомобилот.“ Бедоуз набргу станал нивен гласноговорник, бидејќи на неговите колеги им се смачило да ги сметаат за наивни или луди. Но, се чини дека во ангели веруваат многу повеќе луѓе отколку што можеме да си замислиме. Онлајн анкета спореведена од Библиското здружение утврдиле дека во Велика Британија над триесет и еден отсто од луѓето веруваат во ангели, а пет отсто од нив тврдат дека виделе ангел.

ang07

Во САД, со анкета на Тајм во 2008 било утврдено дека шеесет и девет отсто од Американците веруваат во ангели, а третина од нив тврдат дека сретнале ангел. Мистичните искуства се широко распространети, но се табу тема дури и во порелигиозна земја, како што е САД. Поради тоа што наводното присуство на необјасниво присуство во критични ситуации на опасност е толку често, научниците на овој феномен му го дале името: „Фактор на третиот човек.“ Секако, религиозните луѓе ова присуство едноставно го објаснуваат како присуство на ангел, но дури и некои нерелигиозни луѓе по таквите настани откриле нова духовност којашто претходно не била присутна во нивниот живот.

Искуствата се наводно толку интензивни, што не само што го препознаваат гласот на нивниот „ангел“, туку луѓето исто така можат да се сетат и на притисок врз нивната рака, како екој да ги држи. Ангелот секогаш е добронамерен и ги води, често давајќи им определени упатства за дејствување на коешто личноста инаку воопшто не би ни помислила. Во многу случаи, како во случајот со полицаецот, ваквите настани засекогаш го менуваат текот на нивниот живот.

Сподели на Facebook
пати видено