Овој мистериозен сајт се обидува да допре до луѓето кои во сон го имаат видено овој човек со особен изглед. Според сајтот, илјадници луѓе од целиот свет го виделе истиот овој лик со густи веѓи проретчена коса во нивната потсвест. И покрај злобниот изглед на човекот, на сонувачот не му прави ништо лошо. Всушност, повеќето луѓе велат дека тој им делува смирувачки во сонот.

Дали и вие некогаш сте го сонувале човеков?

Во 2006г. млада жена од Њујорк на својот психијатар му го опишала лицето на човек кој постојано ѝ се јавувал на сон, давајќи ѝ пријателски совети. Но, тоа се случува само на сон, и никогаш порано не го имала сретнато човекот. Психијатарот направил скица на тој човек, и еве како изгледа.

cov01

Психијатарот го оставил цртежот на бирото и друг пациент го препознал лицето на него. И тој изјавил дека често примал совети од овој човек на сон.

cov02

Психијатарот им го покажал цртежот на повеќе негови пациенти. Четири од нив потврдиле дека го имаат видено на сон, сите нарекувајќи го – „човеков“.

cov03

Оттогаш над 2000 луѓе од целиот свет изјавиле дека го виделе „човеков“. Сликата подолу е од Ла Хавана, Куба.

cov04

Ростов, Русија

cov05

Канталупо ин Сабина, Италија

cov06

Има повеќе теории за тоа зошто „човеков“ е присутен во умовите на толку луѓе. Според една теорија на Јунг, луѓето имаат колективна свест и „човеков“ е архетипски лик кој се јавува да ги утеши луѓето во неволја.

cov07

Други веруваат дека ова е лицето на Бог кога се појавува во човечка форма. Кога „човеков“ им дава совет на луѓето, наводно тоа треба да се прифати како Божје Слово.

cov08

Според една од најинтересните теории, „човеков“ е вистински човек со силна телепатска моќ кој влегува во сништата на други луѓе како што пливачот влегува во базен.

cov09

Некои дури веруваат дека „човеков“ е создаден од страна на голема корпорација како прототип на план за умствено програмирање на луѓето.

cov10

А според друга теорија, откако луѓето дознале за ова, ликот навлегува во нивната потсвест и го сонуваат веќе знаејќи за него, мислејќи дека и на нив им се јавил „човеков“.

Сподели на Facebook
пати видено