На интернет кружи поговорката која гласи: „Биди скромен, бидејќи си створен од земја. Биди благороден, бидејќи си направен од ѕвезди“ (Be humble for you are made of Earth, Be noble for you are made of stars). Без разлика на тоа од каде потекнува оваа поговорка, тоа што го вели е вистина. И тоа не важи само за нас, туку за сѐ на Земјата.

zv01

Имено, целиот наш организам, нашите коски, кожата и другите делови на телото се составени од атоми. Атомите на јаглерод, кислород и азот кои се во нашето тело првично настанале во ѕвездите. По Големата Експлиција, мигот кога настанала вселената, постоеле само водород и хелиум. Сите останати елементи настанале подоцна со експлозиите во внатрешноста на ѕвездите, кога се создале соодветните хемиски процеси (нуклеарна фузија). Кога ѕвездата ќе експлодира, се создава супернова, и тогаш во вселената се испушта големо количество на ѕвезден прав. Честичките на тој прав полека се собирале и меѓусебно се привлекувале , и од него настанале планетите.

Така настанала и Земјата. Значи, сите елементи на Земјата, од коишто и ние сме составени, некогаш биле во внатрешноста на ѕвездите. Ѕвезди кои постоеле пред сто милијарди години. Сетете се на тоа кога следниот пат ќе погледнете во небото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено