До најсиното море во величествен замок си живеела една млада, четиринаесетгодишна принцеза. Кога се родила, кралевите на двајца завојувани народи се согласиле дека ќе постигнат мир кога принцезата ќе се омажи за еден од принцовите на другата држава. Затоа и девојчето го добило името Оливија, од маслиновото дрво кое значи мир. Но, во целото кралство било забрането да зборуваат за тоа пред да дојде времето.

Принцезата била љубопитно дете. Таа прекрасно играла и пеела, вешто везела и многу ги сакала животните кои живееле во кралството. Кога таа го галела тигарот или леопардот ѕверот станувал мил и нежен од нејзината бела рака. Но најмногу од сè ја сакала кафеавата мечка. Но, Оливија сфатила дека мечката е тажна затоа што е заробена и таа храбро ја отворила вратата на нејзиниот кафез кога нејзините родители биле на бал во соседното кралство. Мечката истрчала од кафезон, но потоа застанала за да се врати да ја лизне раката на принцезата во знак на благодарност. Потоа продолжила д атрча кон шумата.

Кога дознале нејзините родители биле многу лути: „Што ако мечката те убиеше?“ Девојчето само се смеело. Принцезата не се посомневала во ништо кога еден ден ја спакувале и со златна кочија ја пратиле „на гости кај тетка и“. Но таа чувствувала дека нешто кријат од неа и го прашала нејзиниот слуга каде одат. Тие ја воделе во кралството на кралот Фредерик да ја омажат за неговиот син и да го вратат мирот меѓу државите. Слугата во солзи и раскажал сè на принцезата. Кога застанале да ги одморат коњите принцезата избегала во шумата. Слугите почнале да ја бараат но никој не можел да ја најде.

Оливија трчала се додека нозете не и откажале и кога веќе не можела да трча пред неа излегол ѕвер, а таа си помислила дека ова е нејзиниот крај. Но пред неа стоела мечката која што таа ја ослободи. Принцезата била премногу среќна. Поминале три дена и три ноќи, а мечката ја чувала Оливија и ја топлела во студените ноќи. Еден ден пред мечката изглегло младо момче со лак си стрела и сакало да ја застрела мечката. Тогаш Оливија застанала пред мечката спремна да ја спаси.

„Тргни се од опасниот ѕвер“, рекло младото момче.

„Таа не е опасна. Таа е добра. Таа е вистинска пријателка!“, одговорила принцезата.

Потоа му ја раскажала целата приказна за мечката. Така тројцата станале пријатели, а мечката продолжила да ги чува и двајцата. Неочекувано, двајцата млади се заљубиле еден во друг. Оливија и Александар, така се викал младиот стрелец, гукале како гулапчиња.

Тие не си раскажале еден на друг како се нашле во шумата. Еден ден се приближиле до замокот на родителите на Оливија и таа одлучила да му раскаже за нејзината судбина и почнала да плаче. Александар почнал да се смее ја кренал во рацете девојката и почнал да танцува со неа.

„Но, зошто се смееш?“, прашала девојката.

„Ти си истата принцеза со која моите родители сакаа да ме оженат против моја волја за да ги помират двете кралства. А јас сум истиот прин поради кој ти избега во шумата. Ние сакавме да избегаме од нашата среќа, но таа не најде.“, одговорило момчето.

Тие двајца не заблежале кога чуварите од замокот ги опколиле и ги однеле во замокот. Тогаш двете семејства приредиле голема веселба и мирот во двете кралства бил вратен, а двајцата заљубени си живееле среќно засекогаш, само затоа што не можеле да избегаат од нивната среќа.

Сподели на Facebook
пати видено