Потрагата за изгубената флота на Ернандо Кортес, шпански конквистадор кој што направил инвазија на денешно Мексико во 1519-1521 година, ќе започне наскоро. Археолозите сугерираат дека изгубените бродови најверојатно лежат на дното на Мексиканскиот Залив и можат да содржат безброј богатства украдени од Ацтеките.

Ернандо Кортес бил виновен за уништувањето на царството на Ацтеките. Тој бил роден во 1485 година во Меделин, Шпанија и станал дел од првата група шпански колонизатори во Америка. Неговото семејство припаѓало на пониско благородништво од тоа време. Тој го започнал својот живот во Новиот свет во Хиспаниола. Подоцна Кортес отишол во Куба, каде што станал судија на вториот шпански град основан на островот. Во 1519 година, тој бил избран за капетан на третата експедиција до копното, која што делумно самиот ја финансирал. Неговото непријателство со гувернерот на Куба, Диего Веласкез де Куелар, резултирало со отповикување на експедицијата во последен момент.

Таа наредба Кортес ја игнорирал и за време на неговата експедиција, тој наредил бројни злосторства против Ацтеките: смрт на невини луѓе, уништување на антички локалитети и кражба на големи количини на злато. За неговите ужасни злосторства Кортес бил награден со титулата Маркес де ла Вале де Оаксака. Во 1541 Кортес се вратил во Шпанија, каде што шест години подоцна починал, на вораст од 62 години.

Според непроверени гласини, Кортес ги запалил своите бродови, за неговиот екипаж да не може да побегне. Сепак, Кортес никогаш не ги потврдил таквите гласини и во писмо испратено до шпанскиот крал Чарлс V, тој напишал дека неговите бродови потонале покрај брегот на Веракруз.

Се верува дека неколку бродови лежат на морското дно во Мексиканскиот Залив, каде што Кортес наводно ги напуштил, иако ниту еден од нив никогаш не бил забележан за време на подводните истражувања. Сепак, ова може да се промени многу брзо, бидејќи секторот за подводна археологија во Националниот институт за антропологија и историја во Мексико објави дека во моментов организира подводно истражување на бреговите каде што Кортес пристигнал за да си ги врати бродовите.

Главната цел на овој проект е да се утврди колку бродови останале од големата шпанска флота што пред 500 години доминирале во водите на Мексико и во каква состојба се. Меѓутоа, најважниот дел за овој амбициозен проект е фактот дека ако бродовите и товарот во нив се во добра состојба ќе можат да се откријат важни информации за мисијата Кортес и неговата долга експедиција во Централна Америка. Едно е сигурно, Мексиканскиот Залив дефинитивно ќе биде во центарот на археолошките истражувања во следните неколку месеци.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено