Шестата месечина до Јупитер е едно од најинтересните небесни тела во нашиот сончев систем кога станува збор за потрагата по живот надвор од нашата планета. Месечината, која се наоѓа на 805 милиони километри оддалеченост од сонцето и под својата ледена површина има океан што прави тоа да е едно местата со најголеми веројатности за развој на живот. НАСА соопштува дека во понеделник ќе открие „изненадувачки“ детали поврзани со месечината.

ev02

„Астрономите ќе презентираат резултати од уникатната набљудувачка кампања која резултираше со изненадувачки докази за активност која би можела да е поврзана со океан под површината на Европа“, стои во официјалното соопштение.

ev03

Сликите кои ќе бидат презентирани се снимени со вселенскиот телескоп Хабл. Со оглед на тоа што Европа има повеќе течна вода отколку земјата, некои шпекулираат дека ќе се соопшти за присуство на живот на оваа месечина на Јупитер.

Сподели на Facebook
пати видено