Млад пар кој решил да заборави на технологијата за време на патувањето на нивниот живот ги откриле пријатните и непријатните моменти на дигиталната детоксикација. Триесетгодишната Тамара Грисиевиц и нејзиното момче Мајкл минатата година поминале шест месеци патувајќи низ Индија, Шри Ланка и Јужна Америка.
За време на нивното едномесечно патување во Индија кадешто парот практикувал јога и медитација, тие целосно ги исклучиле своите лаптопи, телефони и таблети.
„Тоа направи вистински да контактираме со луѓето околу нас“, раскажува Грисиевиц. „Отпрвин многу ме интересираше што прават моите пријатели, но потоа бев среќна и се сосредоточував на сегашноста.“ додава таа.
Ова се случува во време кога ново истражување во Австралија покажува дека Австралијанците се плрактично робови на нивните екрани, при што 95 отсто би одбиле да излезат од земјата без никаков електронски уред со нив. Третина од нив истакнуваат дека не би тргнале на одмор без нивните уреди, а повеќето од нив со себе носат технологија од 5000 долари.
„Додека бевме во Шри Ланка, изнајмивме автомобил и патувавме низ островот, но се соочивме со некои потешкотии. Ќе ни беше полесно доколку имавме малку wifi за да ги видиме мапите и да знаеме каде се наоѓаме. Наместо тоа, ни беа потребни дванаесет часа за да стигнеме некаде, за што со навигација би ни биле потребни само три. Беше неверојатна авантура“ се смее Грисиевиц.
Експертите составиле листа од ползите кои ги добивате при дигиталната детоксикација:
1. Подобар сон – на нашите умови им треба одмор од стимулацијата на која се подложени од технологијата
2. Ќе станете попродуктивни и покреативни – бидејќи на вашето тело му давате време да се одмори.
3. Го намалувате стресот – бидејќи на вашето тело му треба време да се исклучи.
4. Ја зголемувате вашата емоционална интелегенција – поприсутни сте во врските со вашето семејство, пријатели и колеги.
Топ совети како секој ден да си извршите дигитална детоксикација
1. Поставете си време во денот кога ги исклучувате уредите и почитувајте го тоа време.
2. Користете ги вашите уреди тие да работат за вас – поставете си аларм на вашиот уред кој ќе ве потсети дека е време да го исклучите.
3. Штом сте го исклучиле, тргнете го од вашиот вид, затворете го во фиока, што и да е, и заборавете на него.
4. Исклучете сѐ барем еден час пред легнување.
5. Не мислете на тоа и не чувстувајте вина. На нашето тело и ум им е потребно време за одмор.
6. Купете евтин будилник и тргнете го вашиот телефон од вашата сплана соба.
7. Никакви електронски уреди за време на оброците – ова помага во подобрување на варењето и вашите конверзации.