Болницата во Манитоба, Канада им нуди на волонтерите шанса да ја работат најубавата работа во светот, односно да бидат „милувачи на бебиња“.

Програмата, која има за цел да им помогне на децата кои се предвремено родени, има и некои изненадувачки здравствени придобивки за бебињата.

Оваа позиција е понудена во болницата „Saint Boniface“ во Винипег, Манитоба. Програмата „Милувач на бебиња“ е особено наменета да им помогне на недоносените бебиња да добијат контакт кожа на кожа кој им е потребен за да растат, а исто така им помага и на родителите кои не можат да бидат со своите деца.

Освен тоа, според студијата од 2014 година, се верува дека програмата ќе им помогне на бебињата да развијат подобри навики за спиење отколку оние кои не биле милувани по раѓањето. Овие бебиња, исто така, се смета дека ќе бидат повнимателни од другите бебиња.

Еден волонтер, Лусет Парент, ги опиша здравствените придобивки што се видливи кај бебињата: „Понекогаш, бебињата можат да бидат навистина нервозни, но по неколку минути почнуваат да се релаксираат. Може да се каже дека им се олеснува дишењето. Само од контакт со телото, тие се смируваат и често заспиваат.“

Болницата во Манитоба не е единствената која има потреба од волонтери, слични програми за милување на бебиња се нудат и во следните болници:

Универзитетот во Индијана

Универзитетските болници Џеферсон

Медицински центар Ајнштајн

UCI Health

Чикаго Медицина

Сподели на Facebook
пати видено