Бизарен научен експеримент покажал дека и не мора да јадете лук за да го почувствувате неговиот вкус. Во ново видео од Американското хемиско здружение како дел од тековната серија „Чудни трикови со храна“, истражувачите покажуваат дека е возможно да се почувствува вкусот на лукот со негово апсорбирање преку вашите стапала.

luk

За да го пробате ова, расечете парче свеж лук на половина, и истријте го со него дното на вашите стапала, а потоа ставете пластични кеси врз вашите стапала за да спречите мирисот да се прошири во просторијата.

По околу половина час ќе започнете да чувствувате вкус на лук во вашата уста. Причината за ова не е мирисот во воздухот туку тоа што еден од молекулите во лукот – алицинот – може да продре низ вашата кожа и преку вашето тело да допатува во вашата уста. Погледнете го видеото во прилог, за да дознате повеќе детали за тоа.

Сподели на Facebook
пати видено