Повеќето работници сонуваат за попладневна дремка. Но, еден тим научници предупредува дека тој луксуз би можел да го зголеми ризикот да добиете дијабетес. Тие коишто дремнуваат повеќе од еден час во текот на денот имаат 45 отсто поголем ризик да добијат дијабетес тип 2. Од друга страна, пократките дремки не покажувале зголемен ризик, се вели во студијата која ќе биде презентирана на собир на Европската асоцијација за проучување на дијабетесот во Минхен, Германија.

dj01

Експерти од Јапонија ги прегледале податоците од 21 истражување во текот на кои биле опфатени повеќе од 300 000 луѓе и нашле врска меѓу долгите дневните дремки и дијабетес тип 2. За разлика од тоа, краткотрајните дремки всушност имаат позитивен ефект. Тие истакнуваат дека сонот е важен дел од здравиот живот, покрај здравата исхрана и вежбањето.

dj02

„Некои луѓе не можат да се наспијат ноќе поради социјалниот живот и чинители поврзани со работата“, пишуваат тие. „Дневните дремки вообичаено се кратки, но се движат од неколку минути до неколку часа. Зачестеноста на дремките исто така варира од повремена дремка до планирани повеќечасовни преспивања, од навика.“

Дијабетесот тип 2 традиционално се поврзува со прекумерната тежина и недоволната физичка активност, и според тоа, може да се спречи.

Сподели на Facebook
пати видено