Викинзите биле озлогласени по нивното тероризирање на бреговите на Европа, со нивните карактеристични бродови, но Викинзите би можеле да однесат и уште една победа над нивните средновековни соседи. Откриени се нови докази кои сугерираат дека Викинзите можеби ја откриле Америка речиси 500 години пред познатото патешествие на Кристофор Колумбо во новиот свет.

vk01

Научници тврдат дека откриле нешто што веруваат дека е сведоштво за викиншка населба на канадскиот остров Њуфаундленд, која се датира во периодот помеѓу 800 и 1300 н.е. Ова е втор познат викиншки локалитет кој бил откриен во Северна Америка и помага во потврдувањето дека тие биле првите Европјани кои стигнале до Новиот Свет.

vk02

Овој нов локалитет, кој е откриен во областа наречена Поинт Роузи во јужен Њуфаундленд, е 643 километри југозападно од викиншката населба најдена во Ленси Медоуз за време на 1960-ите. Археолозите велат дека ова откритие може да отвори „ново поглавје“ во историјата покажувајќи дека Викинзите истражиле многу подлабоко во Новиот Свет отколку што порано се мислело дека тоа е возмоно.

vk03

Д-р Сара Парцак, археолог од Универзитетот на Алабама, објаснува: „Овој нов локалитет открива повеќе тајни за Викинзите, дали тие биле првите Европјани кои за кратко се населиле во Северна Америка и открива дека тие се осмелиле да истражат многу подалеку отколку што порано се мислело.“

vk04

„Во археологијата вообичаено за нив добивате можност да напишете некоја фуснота, но тоа што се чини дека го имаме во Поинт Роузи може да биде почеток на едно цело ново поглавје.“

Викинзите се добро познати по тоа што биле вешти морнари; се ориентирале по сонцето и ѕвездите за да си го најдат патот далеку од крајбрежната линија. Се смета дека Викинзите случајно ја откриле Америка есента 986 година, ако се суди спореди еден историски извор, „Сага за Гренланд“.

vk05

Во неа се раскажува како Бјарни Херјолфсен залутал во Северна Америка откако бил одвеан од курсот додека се обидувал да преплови од Норвешка до Гренланд, но не успеал да стигне до брегот. Инспириран од неговите раскажувања, еден друг Викинг, Леиф Ериксон, подоцна покренал своја експедиција и во 1002 година ја открил Северна Америка. Наоѓајќи плодна земја, богата со грозје и други зрнести плодови, тој ја нарекол Винланд. Ериксон исто така именувал и две други „копна“ на северноамериканскиот брег – едно карпесто, кое го нарекол Хелуланд, и едно кое било рамно и пошумено, коешто го нарекол Маркланд.

vk06 vk07

Наоѓањето на новата населба во Поинт Роузи сега помага да се потврди дека овие легенди всушност се точни. Оваа нова населба откриена од д-р Парцак отпрвин била забележена со помош на инфрацрвени сателитски снимки со висока резолуција. Археолозите нашле околу 12 килограми згура во огниште во кое се верува дека се обработувала железна руда. На локалитетот биле најдени и поцрнети камења кои биле изгорени при крајните температури за време на процесот. Иако има показатели дека домородните Инуити употребувале железо од метеорите, нема други докази дека домородците обработувале железо. Се смета дека при изградбата на идентификуваната градба биле употребувани бусени треба, во ист стил како и другите викиншки градби.

vk08

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено