Амбициозен блогер за машка убавина отиде во крајности во име на убавината. Во урнебесно ново видео, Џемс Вер од Лондон се намачкал себеси со сопствената урина за да ја проба оваа нова мода за нега на кожата.
„Последната мода во козметиката е нешто што морам да го пробам…Таа се нарекува уринска маска и треба да си ја намачкате вашата урина на лицето“, вели тој, опишувајќи го „ексклузивниот“ третман. Одмарајќи се на каучот со во својата бањарка, Вер испива шише вода Сан Пелегрино за да се подготви за третманот.
„Сега само треба да почекам природата да си го стори своето.“
Започнувајќи да се мачка со својот домашно изработен лосион, или што и да е тоа, Вер вели:
„Топло е и мириса на дрво. Како на есен малку.“
Потоа ја оставил урината 15 минути за таа да биде впиена длабоко во порите.
„Ќе треба да почекаме и видиме дали по ова ќе ми тргне манекенската кариера. Но, што и да се случи, ова најверојатно ќе биде мојата прва и последна уринска маска.“