Цврсто веруваме дека сите суштества се создадени еднакви, освен големите и страшни пајаци, тие не ни се потребни. Тие се буквално кошмари со осум нозе чија цел е да ни ја заледуваат крвта кога ќе ги видиме.

Но, сепак постојат луѓе кои се големи обожаватели на пајаци. Секако зависи до кој степен оди таа „љубов“. Можеби би сакале да ги гледате секој ден додека сте на работа во канцеларијата?

Компанијата Real Cool Bug почна да продава необични глувчиња за компјтери и лаптопи. Она што е „малку“ необично кај нив е што има огромен препариран пајак внатре во глувчето. Исто така можат да ви аправат комбинација од пајак и шкорпија, само пајак или само шкорпија, евентуално некоја стоногалка, бубачка или ако сте поромантични пеперутка.

Како и да е глувчето од кошмарите се продава „како алва“ и постојано го снемува од залиха. Затоа доколку сакате и вие пајаци можете да си го порачате од Амазон или ова може да биде совршен подарок за пријателот кој е арахнофоб (има фобија од пајаци) или пак имате пријател од кој сакате брзо да се ослободите. Изборот е на вас.

Сподели на Facebook
пати видено