Во 1000 години стар кинески ковечк е најдено откритие кое на археолозите би можело да им донесе просветление. Фрагменти од коска најдени во златен ковчег можеби му припаѓаат на никој друг туку на – Буда, сметаат истражувачите. Тие веруваат дека остатоците од череп, измешани со останки на други будистички светци, му припаѓаат на Сидарта Готама, чиишто учења станаа основа на будизмот, една од најголемите светски религии.

Тим археолози го направи ова откритие за време на ископувања во будистички храм во Нанџинг, Кина. Кога го отвориле камениот ковчег во крипта под храмот, тие нашле украсено светилиште наречено „ступа“, коешто служело за медитација. Најдениот ковчег во таа просторија е висок 117cm и широк 45cm. Направен е од сандалово дрво и обложен со злато, сребро и скапоцени камења. Дека таму се останките на славниот учител се смета врз основа на натписот најден во светилиштето, во кој се опишува како черепот на Буда се нашол во златниот ковчег.

Според легендите, кога Буда умрел, неговото тело било кремирано во реката Хиранавати, за потоа кралот кој тогаш бил на власт да нареди неговите останки да се поделат на илјадници делови, од кои деветнаесет се нашле во Кина, меѓу кои и делот од череп најден неодамна во златниот ковчег.

bd01 bd02 bd03 bd04 bd05 bd06 bd07 bd08

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено