Новогодишниот караван пристигна во нашиот град и приреди вистинско новогодишно доживување за сите присутни вчера на плоштадот ‘‘Македонија‘‘. Многубројната публика уживаше во детската претстава, присутните се дружеа и фотографираа со Дедо Мраз, се забавуваа заедно со ѕвездите на X-Factor, Боби Мојсоски, Јелена Ѓуриќ, Илија Михаиловиќ и Душан Шаренац кои со своите песна ја загреа уште повеќе атмосферата.
Низ целиот свет, веќе години по ред, новогодишните караваните на Coca-Cola го шират празничното расположение и нè потсетуваат дека токму во овој период од годината треба да ги отвориме срцата и да споделиме добрина.
Мисијата на „Coca-Cola“ караван е собирање книги за децата во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести во Скопје. И не само тоа„Coca-Cola“ ќе преуреди една заедничка просторија во болницата во која децата ќе се дружат, читаат, играат.
Сите сте добредојдени да учествуваат во оваа добротворна мисија и заеднички да донесеме насмевка на лицата на дечињата, и да им ги направиме новогодишните празници посебни.

Caravan 1

Caravan 2

Caravan 3

Сподели на Facebook
пати видено