Слоновите навистина имаат најдобра меморија!

Питер Адамсон, чувар во британска зоолошка градина повторно се сретна со својата стара пријателка, Кирсти, азиска слоница која живеела во зоолошката во Глазгов во периодот помеѓу 70-те и 80-те години на минатиот век, а која веднаш го препозна човекот кој најмногу се грижел за неа.

Адамсон бил чувар во зоолошката „Калдерпарк“ и се грижел за Кирсти во почеткот на 1970-те години, пред таа да биде преместена во друга зоолошка, во 1987-та година.

По нејзиното селење од Шкотска, Питер ги загубил сите врски со животното, но неодамна дознал дека слоницата се наоѓа во Германија, при што веднаш огранизирал да отпатува до таму, за да ја види.

Нивната средба беше вистинска експлозија од емоции, при која Кирсти веднаш го препозна Питер и потоа следуваше топла прегратка.

„Секогаш се прашував дали има вистина во тоа дека слоновите никогаш не забораваат!“– шеговито изјави Питер.

„Веднаш штом ме виде, ми дозволи да и се доближам и за мене тоа беше навистина емотивно искуство, кое засекогаш ќе го чувам во моето срце!“– додаде стариот чувар.

Нивната средба беше документирана и со видео:

Сподели на Facebook
пати видено