Уште од средниот век, па и до ден-денес, постои култ кон различни религиозни артефакти, амајлии, крстови и разни други предмети. А најмногу кон т.н. „чудотворни икони“, за кои се смета дека им помагаат на верниците во клучните моменти од нивниот живот. Особено бил раширен култот на чудотворните икони во средновековна Русија. Таква една легенда е поврзана, колку и да звучи чудно, со најновата руска историја, особено со Втората светска војна или како што ја нарекувале тие Голема патриотска војна.

Се разбира, системот воспоставен во Советскиот Сојуз била строго атеистички и поради тоа мистериозната приказна предизвикала многу контроверзии.

Пресвета Богородица Тихвинска

Според легендата во почетокот на декември 1941 година, кога германските трупи биле 32 километри оддалечени од Кремљ, од Москва полетал авионот. Во авионот се наоѓала чудотворна икона, Пресвета Богородица Тихвинска, за која се зборува дека била насликана од самиот евангелист св. Лука.

Авионот летал над просторот од фронтот во близина на Москва. Тоа било варијанта на познатите црковни поворки, кога верниците се молат за Божја помош против некоја голема несреќа. Токму тогаш Германците го почнале повлекувањето од Москва. Има исто така и друга варијанта од легендата, според која не била Тихвинската икона, туку Владимирската икона. Според трета верзија, Тихвинската икона била онаа во авионот кој летал над фронтот, а Владимирската била пренесена преку црковна поворка како дел од фронтот. Сето ова било извршено по тајна наредба на Сталин.

Владимирската Богородица

Меѓу бројните документи и сведоштва, кои ја потврдуваат и негираат приказната најмногу внимание привлекува изјавата на еден обичен војник по име Валентин Георгиевич Владимиров, кој тогаш работел во обезбедувањето на советските владини институции и неговата задача била да го проверува движењето на луѓето и возилата ои влегуваат и излегуваат од територијата на Кремљ.

Валентин долги години по војната изјавил: „ Еднаш бев дежурен пред портите на Кремљ. Еден автомобил излезе низ портите и помина покрај мене. Во него имаше тројца свештеници со бради и крстови. Тоа беше многу чудно, бидејќи тогаш свештениците беа гонети, а имаше многу и стрелани. Дури подоцна сфатив дека истиот ден еден авион “Даглас” полетал со Владимирската Богородица и тројца свештеници, кои три пати ја обиколиле Москва. Дали како последица од тоа или поради случајна промена во времето, тогаш почна нагло заладување и заврна силен снег. За Германците, кои едноставно немаа опрема за војна во зимски услови, тоа беше исклучителна компликација.“

Како можен „доказ“ за ваквата случка е фактот што Сталин три пати потпишал документи, во 1923-та, 1934-та и 1939 година, со кои се наредува да биде прекинат прогонот против свештениците, а обвинетите без докази да бидат рехабилитирани. Тоа се пркоси со познатата наредба на Ленин од 1918 година „Поповите да се убијат, колку повеќе толку подобро.“ А дали Сталин користел чудотворни икони за да го смени текот на војната, останува тема на жестоки дебати и до ден-денес.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено