Тројца патници во автомобил за вистинско чудо преживуваат една од најшокантните сообраќајни несреќи снимени со камера на контролната табла. На снимката се гледа како тројцата излетуваат преку ветробранот. Несреќата се случила близу градот Волосово, Ленинградска област.

kl01

20-годишниот возач, кој останал во автомобилот поради тоа што бил врзан со појас, ја немал таа среќа и умрел на пат кон болницата. Несреќата се случила како последица на тоа што возачот Леонид Мухин се впуштил во претекнување со голема брзина. Не успеал да успори и го поткачил камион кој минувал од спротивната страна. Од ударот неговата лада се распадала.

kl02

Тројца од патниците во автомобилот, кои не биле врзани со безбедносен појас, излетале преку предното стакло и останале расфрлани по патот. Снимката од несреќата била објавена од Василиј Турчињак. Еден од патниците претрпел тешки повреди и бил однесен на интензивна нега.

Сподели на Facebook
пати видено