Како и да изгледа вашата листа за пазарење сигурно не вклучувала цвеќе, розов леб и млеко од грашок. Но, наскоро сè може да се промени, бидејќи овие и уште неколку чудни производи, наскоро ќе почнеме почесто да ги гледаме во супермаркетите.

Сладолед од мајонез

Компанијата Hellmann’s од 1920 година, произведува мајонез и се гордее со својот рецепт. Љубовта кон нивната работа ги поттикнала производителите да започнат со производство на сладолед од мајонез.

Кафе од печурки

Производителите на кафе од печурки Four Sigmatic ветуваат обновување на енергијата, зголемување на силата и зајакнување на имунитетот и препорачуваат да се пие пијалокот наутро или пред тренинг.

Цвеќе како зачин

Цветовите не се само убави, туку и многу вкусни. Веќе во продавниците можете да најдете исушени ливчиња, кои ќе бидат спектакуларен додаток на било кое јадење. Најпопуларните цвеќиња за јадење се: лаванда, хибискус, роза, цветови на портокал и праска.

Розов леб

Овој пекарски производ ќе им се допадне на љубителите на здрав начин на живот. Невообичаена боја се постигнува со цвеклото, кое има моќно антиоксидантско и антиинфламаторно дејство, го намалува крвниот притисок и ја зголемува издржливоста.

Топен путер

Топениот путер популарен во Јужна Азија, дојде на светскиот пазар и најверојатно ќе може да го притисне вообичаениот производ. Тој го подобрува дигестивниот систем и работата на тенкото црево. За разлика од другите масла,не станува токсично поради високите температури.

Месо за вегетаријанци

„Алтернативното“ месо изгледа, мириса и има вкус како вистинското, само е направено од растителни состојки. Меленото месо се состои од растителни протеини, амино киселини, масти, витамини, минерали, микроелементи и зачини.

Млеко од грашок

Содржината на протеините во млекото од грашок е иста како кај кравјо млеко, но содржи 50% повеќе калциум, збогатен е со витамин Д и железо.

Корисна замрзната храна

Полу-готовите производи повеќе не треба да бидат поврзани со штетна храна. Новата ера на замрзната храна ветува дека ќе биде корисна и вкусна. Така Love The Wild компанијата замрзнува свежа риба, додава зачини и сос, а се што треба да направите е да ја ставите рибата во рерната. Исто така постојат опции за микробранова печка.

Газирани сокови со етерични масла

Секоја година, производителите размислуваат како да ги направат газираните пијалоци помалку штетни. Многумина веќе не додаваат шеќер, натриум и вештачки засладувачи, а сега откриле како да ги заменат аромите со природни есенцијални масла.

Супа во шише

Производителите на супи за пиење ги нудат како замена за сендвичи и други закуски во канцеларијата: практични се за носење наоколу и сè што е потребно да направите е да го отворите шишето и да ја испиете супата.

Сподели на Facebook
пати видено