Жителите на Фукуока биле запрепастени кога улиците почнал да ги поплавува дебел слој на пена. Чудната материја која на градските улици и тротоари се појавила во раните утрински часови во сабота, се чини дека уследила по земјотресот со магнитуда од 7 степени кој го потресе регионот Кумамото, само два дена откако земјотрес со силина од 6,5 степени го погоди истиот регион.

Верувајќи дека појавата на чудната пена е директно поврзана со земјотресите, граѓаните споделиле фотографии и видеа со чудниот настан. Во текот на двата земјотреси загинале најмалку 41, а биле повредени повеќе од 1500 луѓе. Властите сега се борат да спасат колку е можно повеќе луѓе.

„Ништо не е поважно од човечкиот живот и ова е трка потив времето“, изјавил премиерот Шинзо Абе.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено