Двегодишното Нигеријче наречено Хоуп (Надеж) било оставено од своето семејство откако било прогласено за вештер и осум месеци само талкало низ улиците. На 31 јануари, Надеж бил спасен од данската хуманитарна работничка Анја Ринггрен Ловен, која се нафатила да ја реши неговата состојба. Само осум седмици потоа, Хоуп закрепнал на чудесен начин.

„Како што можете да видите од сликите, Хоуп навистина ужива во својот живот. Сега има 35 нови браќа и сестри и сите добро се грижат за него, се играат и учат со него, и се грижат тој да е безбеден и да добива многу љубов.“

За жал, на Хоуп му е дијагностицирана хипоспадија, вродена генитална деформација при која мочниот отвор е по должината или дури и кај коренот на пенисот наместо на врвот. Сепак, ова дете е борец, а неговата судбина пример за тоа колку се заостанати некои заедници во светот.

ng01 ng02 ng03 ng04 ng05 ng06 ng07 ng08 ng09 ng10 ng11 ng12

Сподели на Facebook
пати видено