Во последните 20 години научниците од Зоолошкото друштво во Лондон, Светскиот фонд за дивиот свет и други организации ги следат промените во популацијата на различни видови од целиот свет. И за жал, секоја година се повеќе и повеќе видови исчезнуваат. Треба да преземеме некои сериозни мерки за да спречиме тоа да се случи.

Што се случува сега

Луѓето имаат многу поголемо влијание на Земјата од било кој друг вид. Ние ги исекуваме шумите затоа што ни треба земјоделско земјиште за да произведеме храна за свињите и кокошите што ги јадеме. Ние користиме многу вода од нашите реки, фрламе премногу пластика во нашите океани и предизвикуваме исчезнување на многу животни.

  • Судан (1973 – 2018)- еден од последните машки северни бели носорози.
  • Облачен леопард – последен пат виден во 1983 година.
  • Пиринејскиот козорог – исчезнат од 2000

Неодамнешните извештаи покажуваат дека човештвото уништило 83% од сите животни и 50% од сите растенија уште од почетокот на цивилизацијата. И дури и да го запреме уништувањето токму сега, светот ќе закрепне за околу 5-7 милиони години.

Дивиот свет и екосистемот се од витално значење за човечкиот живот, па нивното загрозување е исто толку лошо колку и климатските промени.

Причините

Настрана од луѓето, постојат многу други причини зошто видовите исчезнуваат, но нашето влијание сè уште е најважно.

  • Уништувањето на природните живеалишта е главната причина зошто животните и инсектите исчезнуваат. Шумите се уништуваат и многу земја се користи за земјоделски добивки.
  • Убиството за храна е втората најсериозна причина. 300 видови животни се убиени за човечка конзумација, а истото важи и за рибите во океанот.
  • Хемиското загадување е исто така огромна закана. 50% китови убијци се истребени поради загадување.
  • Голем број брани исто така го намалија бројот на риби и други животни во реките и езерата.

Што ќе се случи следно?

Првото нешто што е важно е колку се информирани луѓето. Многумина од нас немаат поим што се случува со животните. На пример, во 2018 година, Lacoste создаде збирка маици каде што имало 10 загрозени видови наместо класичното лого на крокодили, со цел да се даде до знаење и да се обезбеди поддршка за овие животни.

Со цел да се спречи падот на биосферата што всушност го одржува човештвото во живот, глобалните промени се апсолутно неопходни. Владите од различни земји континуирано работат на договори во врска со новите одговорности за правилата за заштита на животната средина.

Многу земји не работат само за спасување на бројот на животни, туку исто така работат на зголемување на популацијата. На пример, во Индија, бројот на тигри е зголемен за 20% за прв пат по 100 години. И Кина се залага за заштита на пандите.

Сподели на Facebook
пати видено