Крис Бен Рој, само што го прославил својот триесетти роденден, и како што е обичајот, добил роденденска картичка од својот татко. Но, тоа што оваа картичка ја прави посебна е што неговиот татко починал од рак во 1999 година. Крис вели: „Навистина се почувствував како да го споделувам роденденот со него.“

Татко му ја купил и потпишал картичката додека се борел со ракот, и ја дал на неговата жена за да му ја даде на Крис кога ќе дојде времето за тоа.

2af923ee3810bac724d34f1fe701a4ff_650x

„Татко ми почина од рак на белите дробови и црниот дроб во 1999 година, откако година и половина се бореше со болеста. После сета таа хемотерапија и сите лекарства, тој едноствано повеќе не можеше да го поднесе тој начин на живот и сфати дека е време да си замине. Претпоставувам дека тогаш ги купил картичките за мене и брат ми. Ова тотално ме фати неподготвен и ме направи многу среќен. Се почувствував како сѐ уште да е тука, држејќи нешто што никогаш порано немам видено, а што тој го допирал и потпишал, исто како вчера да го сторил тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено