Маркус Хобс (31) од Глостерстер, го купи Хекси од продавница за миленичиња пред осум години. Тој сакал да чува змија и мислел да си купи „мала“ како домашно милениче. Хекси тогаш бил долг 20 сантиметри.

Тој не очекувал дека питонот ќе достигне невројатни 5,5 метри и дека ќе мора да го храни со мртви зајаци, мртвородени елени, телиња, кози и свињи со кои го снабдувата локалните земјоделци. Хекси е тежок и скап за одржување во ИТ техничарот вели дека нема да се откаже од него.

Иако вели дек целосно му верува на питонот сепак не го пушта надвор сам кога се во близина неговите два сина, од кои едниот има 4, а помалиот 1 годинка. Неверојатниот влекач јаде и произведува огромна количина на измет еднаш месечно, доволноз а да се наполни една голема канта за отпадоци. Маркус верува дека ова е најголемиот бурмански питон, но не сака да го мери се додека не престане да расте.

Тој објаснува дека Хенкси е опуште затоа што од мал е со луѓе, но доколку тој примети дека е нерасположен ниту самиот не го вознемирува. Исто така вели дека многу луѓе сметаат дека затворениот простор на питоните им штети, но според него овие миленичиња не се кучиња, тие не сакаат да шетаат да скокаат, едноставно сакаат да имаат храна и топол простор, а токму тоа му го овозможува Маркус на Хекси.

Платил 2.000 фунти за вивариумот, 30 фунти за секоја од сијалиците и греењето треба да биде постојано на целосна температура. Исто така, треба да се земат предвид сметките за ветеринар и стресот од каде да се добие храна.

ИТ работникот привлече внимание кога упати апел на Фејсбук, барајќи од земјоделците да донираат какви било зајаци што одат како отпадоци како храна за Хекси, кој има огромен апетит и може да изеде по 5-6 на едно јадење.

Сподели на Facebook
пати видено