Маж влегува во берберница и го прашува берберот колку ќе треба да чека за да го потстриже.
Берберот му одговара „Околу 2 часа“, мажот излегува и се враќа дури по една недела. Пак му го поставува истото прашање. Во берберницата пак имало муштерии и берберот пак му одговара:
– Околу 2 часа.
Мажот пак излегува.
Ова се повторило и во наредните неколку недели. Кога се случило и по шести последователен пат, берберот му вели на еден од неговите муштерии:
– Трајко, те молам излези следи го овој забеганиот и кажи ми каде оди и што прави.
По 15 минути Трајко се враќа и се смее како луд. Берберот го прашува:
– Зошто се смееш? Каде оди забеганиот?
– Оди во твојот стан.

Сподели на Facebook
пати видено