Си одел по патот еден стар мудрец и ѝ се восхитувал на природата. По некое време поминал покрај нива на која работел еден селанец. Човекот бил изнемоштен од работа, изморен, испотен и одвај стоел на нозе.

Мудрецот застанал и рекол:
– Еј, човеку, дојди да поседиме на сенка и да поразговараме. Ем да се одмориш малку.
– Не можам, треба да работам. Денот веќе одминува, а јас имам уште толку многу работа.
– Зошто работиш толку многу? – Прашал старецот. – Треба и да се одмора одвреме-навреме. Гледај колку е прекрасен денот!
– Не можам. Немам време да му се насладувам ниту на денот, ниту на животот. – Одговорил мрачно човекот.
– Но, зошто го правиш сето тоа? – Прашал старецот. – Така ја пропушташ среќата…
– Немам време за среќа! Јас треба да се трудам и да страдам, за да им обезбедам среќа на децата и внуците. Мојот дедо го правел истото поради мојот татко, а мојот татко страдал поради мене.
– А некој од вашето семејство бил ли среќен? – прашал туѓинецот.
– Се уште не, но моите деца и моите внуци сигурно ќе бидат! – Рекол човекот и повторно се зафатил за работа.
– Види, пријателе… Дозволи ми да ти дадам еден совет. Неписмен не може да научи никого да чита. Ниту крт може да воспита орел! Значи, најпрво ти научи како да бидеш среќен, за да можеш да ги научиш и деца на тоа.

Сподели на Facebook
пати видено