Јапонските власти го одбиле човекот кој сакал да умре на пуст остров кој го нарекува свој дом скоро 3 децении. Масафуми Нагасаки бил единствениот жител на островот Сотбанари, но бил принуден да се врати во цивилизација откако полицијата утврдила дека не е во најдобра здравствена состојба.

Тој живее во осаменост од 1989 година и стана познат како „голиот пустиник“, откако бил откриен од патник кој пишува за „отфрлени луѓе“.

Полицијата била повикана од човек кој поминувал на островот и тој бил одведен да живее во државна куќа на 60 километри оддалечена од островот во градот Ишигаки. Масафуми сега е добро и најверојатно имал грип, но сепак не му е дозволено да се врати на островот поради кревкото здравје.

Приказната на Масафуми биле презентирана пред светот во 2012 година. Тој изјавил дека една година по неговото пристигнување на островот облеката му била однесена од бура и тој продолжил да шета гол.

„Шетањето гол навистина не се вклопува во нормалното општество, но тука на островот се чувствувам добро, тоа е како униформа.“, вели тој.

Тој сакал островот да биде неговото вечно почивалиште: „Наоѓање место за умирање е важна работа и одлучив дека тука е место за мене. Не ни помислував порано колку е важно да го одберете местото на сопствената смрт, како на пример дали е во болница или дома со семејството. Но, да се умре тука, опкружен од природата, едноставно не може да биде подобро, зарем не?“

Масафуми претходно работел во „забавната индустрија“ пред да се „пензионира“ од цивилизацијата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено