На еден обичен работен ден управител на приватна населба за домување „The Grand Isles“, забележал нешто необично откако го разгледувал имотот преку Google Earth. Во езерцето, во „срцето“ на населбата изгледало како да има нешто. Кога успеал да ја зумира сликата сфатил дека веднаш мора да се јави во полиција.

Човекот всушност забележал потонат објект, кој му наликувал на автомобил. Полицијата веднаш отишла во населбата и потврдиле дека станува збор за автомобил. Но, како еден автомобил завршил незабележително во езеро, во густо населена населба, а никој не го приметил тоа?

Одговорот е едноставен, оваа несреќа се случила уште пред населбата да биде изградена. Поточно во 1997 година. Откако полицајците го извадиле автомобилот уште повеќе се изненадиле кога скелетот бил сѐ уште внатре.

Подоцна откриле дека станува збор за Вилијам Молд, кој исчезнал во 1997 година. Вилијам си заминал од ноќен клуб вечерта на 7.11.1997 година околу 23 часот. Според тогашните извештаи тој не изгледал како да е под дејство на алкохол и заминал сам со своето возило.

Иако ретко пиел алкохол таа вечер испил неколку пијалоци, но сведоците изјавиле дека тоа делувало дека му влијае. Тој се јавил на својата девојка околу 21:30 часот за да ѝ каже дека наскоро ќе си дојде дома и тоа е последниот контакт кој го имал со некого.

Автомобилот и телото се однесени на вештачење, за да се обидат да утврдат што всушност се случило таа вечер.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено