Нема ништо поубаво од прошетка во природата на мрачен ден. Прошетките можат да помогнат да ви се расчисти вашиот ум, да се намали стресот и да се чувствувате порелаксирано. Иако не се сите авантуристички насторени сепак секој од нас понекогаш сака да прошета во најблискиот парк или шума.

Но, не забаоравајте со вас да си го понесете телефонот или пак апаратот, затоа што никогаш не се знае што можете да сретнете.

Сид Саундерс, пензионер од Источен Сасекс, тргнал на прошетка кога се сопнал од нешто навистина чудно во шумата. Тој секогаш со него си го носел апаратот затоа што сакал да ја фотографира природата и во тој момент сфатил дека мора да го фотографира тоа што го забележал.

На прв поглед Сид помислил дека е обично парче бетон, но кога подобро го погледнал сфатил дека нешто пишува на него. Се испоставило дека е надгробен споменик со датум и порака на него. Но, зошто некој би погребал тело во пуста шума?

Сид се вратил наредниот ден за да го исчисти надгробниот споменик. Тогаш тој сфатил дека споменикот не е за покоен човек, туку за зајак.

Откако ја исчистил мовта и нечистотијата открил дека некој пред 130 години го закопал својот домашен миленик, зајак. Бидејќи зајаците живеат најмногу 10 години, а овој живеел 13 Сид верува дека некој прилично добро се грижел за зајакот.

Сподели на Facebook
пати видено