Не се само хобитите тие кои претпочитаат своите домови да ги прават во дупки. Човек од Костарика посветил дванаесет години од својот живот за да изгради огромно подземно живеалиште длабоко 20 метри, комплетирано со богатство од креативна ѕидна уметност. Во обид да избегаат од бучавата, Мануел Барантес и неговото семејство живеат во подземно прибежиште во Сан Исидро де Перез Зеледон, па дури и овозможуваат тури за фасцинираните посетители.

Уникатното живеалиште било издлабено во црвеница и вулканска карпа, и има повеќе влезови кои водат во мистериозните длабочини. Во него има три спални соби, соба за дневен престој и просторија за медитација украсена со растенија и светилки. Иако долгите тунели се мрачни, живописните бои и мурали во нив ги оживуваат на особен начин. На ѕидовите се претставени ликови од „Кременковци“ и разни други украси како CD-a, телефони, фотографии и пари закачени на карпестите површини.

ps01 ps02 ps03 ps04 ps05 ps06 ps07 ps08 ps09 ps10

Сподели на Facebook
пати видено