Човек од Оклахома е присилен да плаќа детска издршка за детето на друг маж, бидејќи предоцна побарал тест за татковство. Томас побарал да се изврши тест за утврдување на татковството врз неговиот тригодишен син кога неговиот брак почнал да се распаѓа. Тој и неговата поранешна жена се венчале откако таа забременила во средно училиште. Томас вели дека тогаш немал никаква причина да се сомнева дека бебето не е негово.

tm01

Кога нивниот брак се распаднал по три години, нешто го навело Томас да направи тестирање. Двапати се тестирал и двата теста покажале дека тој апсолутно не е татко на детето. Но, тоа немало никакво значење, бидејќи според законите на американската држава Оклахома, мажот може да побара ваков тест во текот на првите две години од животот на детето. Законски, детето за кое тој се грижел повеќе од две години е негово, без разлика што тој не е биолошкиот татко.

„Би сакал ова што го велам да е лага. Би сакал да не беше вистина, но е. И токму поради тоа сево ова е лудо. Сите на кои им раскажувам за случајот не можат да го сфатат овој законски систем.“

tm02

Медиумите известуваат дека судијата првично пресудил во полза на Томас. Но, откако го препрочитал законот, судијата наредил измамениот татко да плаќа 500 долари месечно детска издршка, плус 15 000 долари заостаната издршка плус камата.

Томас ја прифатил судбината, но се подготвува за иницијатива за промена на законот. Тој смета дека ДНК треба да биде одлучувачки чинител за тоа дали мажот мора да плаќа детска издршка.

Сподели на Facebook
пати видено