Рајан Бреј се враќал во својот дом во Бредентон во неделата кога се сретнал со еден од бездомниците со кои се среќава 5-6 пати во неделата. Бидејќи му паднало жал решил да му помогне на човекот.

Рајан има семејна фирма за реновирање на домови и му понудил на бездомниот човек да работи за него за 800 денари од час за средување на дворовите и да му помогне да најде постојано живеалиште за да не спие повеќе на улиците. Но, не ја очекувал реакцијата која што следела.

Бездомникот луто му се развикал: „Апослутно не!“, а потоа станал и физички насилен почнал да плука, пцуе и да удира по автомобилот на Рајан. Добронамерниот човек не можел да си поверува на неблагодарноста на бездомникот и решил целата ситуација да не заврши само на тоа.

Тој се вратил дома и направил знак на кој „проси“ за промена, возачите да не им даваат пари на бездомниците за да си заминат од нивниот кварт.

Знакот гласи: „Му понудив 15 долари од час за да извршува работа во двориви за мене и тој одби. Ако ние како заедница престанеме да ги плаќаме, тие ќе го напуштат нашето соседство!“

Рајан дури застанал до виновникот кој и пред него го држел знакот. Така стоел три часа и никој не застанал да му даде пари. Сепак Рајан вели дека треба да се преземат уште мерки затоа што тие луѓе не се „кутри“ бездомници туку неработници кои не саат сами да си го заработат лебот и заработуваат повеќе така што просат од оние кои чесно и со пот си ги заработуваат парите.

Додека Рајан стоел до бездомникот тој продолжил да го навредува и вели дека ако е „богаташ тој не треба да ја прифати неговата глупава понуда за работа“, исто така кажал дека немало ништо лошо во тоа што одбрал само да си проси а не да работи за пари.

Сподели на Facebook
пати видено