Грег Мантефел, од Висконсин, верувал дека настинал кога го фатила треска, повраќање и дијареја во јуни минатата година. Меѓутоа, кога бил пренесен во болница, лекарите откриле дека страда од нешто многу пострашно.

Откако му ја испитале крвта лекарите откриле има капноцитофага, микроб, што пак предизвикал сепса, тешка инфекција на крвта, што го спуштила крвниот притисок на Грег и многу негови органи почнале да откажуваат.

Капноцитофагата најчесто се наоѓа во плунката на мачките и кучињата и скоро никогаш не доведува до тоа луѓето да се разболат, освен ако немаат компромитиран имунолошки систем. Иако Грег бил околу голем број кучиња, вклучувајќи го и своето, пред да се разболи со микробот, тој бил совршено здрав.

Лекарите од болницата не можеле да сфатат и немаат објаснување зошто 49-годишниот реагирал толку сериозно. Грег ги замолил лекарите да направат се што можат за да го одржат жив. Сопругот и татко поминал 20 операции, вклучувајќи и ампутации на левата и десната рака веднаш под лактот, и двете нозе од средината на коленото.

Грег напредувал со своите протетички екстремитети, охрабрен од помислата да се врати дома кај сопругата и синот, како и кај своето кученце, Ели. И покрај тоа што пит булот може да биде носителот на капноцитофага – и со тоа можеби е причина за неговата болест – Грег вели дека нема да се ослободи од неа.

„Не ни сакавме да ја тестираме. Немаше да се ослободиме од неа дури и да беше таа која го предизвикала ова. Ние ја сакаме до смрт“, вели Грег. Во последните 10 години, имало најмалку пет други здрави луѓе кои имале сериозни реакции на микробот. Тим научници направил генетско тестирање на пет инаку здрави луѓе кои претрпеле инфекции со капноцитофага за да видат дали можат да најдат нешто заедничко. Откриле дека сите пет имаат ген поврзан со имунолошкиот систем кој работи различно – генетска варијанта.

Грег вели дека не сака луѓето да се плашат од своите кучиња поради тоа што му се случило нему. Тој вели дека со нетрпение чекал да дојде дома за да го види своето семејство и кучето Ели, без да помисли да ѝ се налути.

Сподели на Facebook
пати видено