Швајцарец си го истетовирал целиот грб и потоа го продал тоа парче кожа на колекционер на ликовни дела. Тим Штајнерр му ја оставил кожата на колекционерот во тестамент. Тетоважата е дело на познатиот белгиски мајстор Вим Делвоје. Со него го запознала неговата бивша девојка. Делвоје ѝ кажал дека бара човек кој би си ја продал кожата во име на уметноста – буквално.
„Мојот грб сега му припаѓа на Рик Ренкинг“, објаснува Штајнер. Делото се вика ТИМ и е продадено за 130 000 евра. При потпишувањето на договорот, швајцарецот добил една третина од сумата.