Џон Пфаф е професор по право на Универзитетот Фордхам во Њујорк. Во куќата на неговите родители открил стар и правлив Apple IIe компјутер кој го користел пред повеќе од 35 години. Apple IIe (буквата ‘e’ се однесува на ‘подобрен’), третиот модел во серијата Apple II, бил воведен во јануари 1983 година и првично бил продаван за 1395 долари.

IIe имал вградена 64-битна RAM меморија и ја вовел можноста да се користат и големи и мали букви, овозможувајќи целосна функционалност на копчињата Shift и Caps Lock.

Компјутерот исто така вклучувал и нови функции на тастатурата – курсори за насочување, копчиња Tab и Delete. Компјутерот ги користел оригиналните флопи дискови со капацитет за складирање од околу 80 килобајти. Apple IIе служел за својата цел добро и станал вообичаен во многу училишта и домови, пред сите модели на овој компјутер да бидат прекинати во ноември 1993 година.

Замислете колку би се изненадиле да ги разгледувате работите од детството и да откриете дека стариот компјутер сѐ уште функционира, а освен тоа ви ја нуди можноста да продолжите со играта која сте ја зачувале пред повеќе од три децении. Да, токму тоа му се случило на Џон. Откако го вклучил компјутерот му било понудено да ја продолжи старата игра.

Џон го спасил својот напредок за играта Adventureland, објавена во 1978 година, која се играла со користење на две едноставни командни зборови. За среќа, Џон сѐ уште можеше да ја игра. Neuromancer (игра базирана на книгата од Вилијам Гибсон од 1989 година), заедно со Милионер и Олимпискиот декатлон (објавена од Мајкрософт во 1980 година) исто така биле сочувани и џон ужал додека ги играл. Игрите биле достапни на флопи дискови.

Тој со насмевка на лицето го истражил целиот компјутер и решил на неговите деца да им покаже како изгледале „ретро“ игрите во неговото време.

Сподели на Facebook
пати видено