Оваа необична случка покрена голема дискусија во Кина. Чистачка по име Ли Ман, рано наутро додека чистела една од улиците, нашла една торба, која била сомнително тешка.

Кога ја отворила торбата, таа била полна со пари, документи и сметки. Во торбата имало околу 150.000 јуани (1.400.000 денари). Ли Ман веднаш се јавила во полиција, каде што, благодарение на документите, брзо го нашле сопственикот на средствата, еден локален бизнисмен.

Чистачката изјавила: „Веднаш помислив дека некој ја загубил торбата, па сметав дека е моја должност да му ги вратам парите на сопственикот.“

Како што се испостави, еден од вработените во компанијата на бизнисменот случајно ја исфрлил торбата со пари, затоа што мислел дека е полна со ѓубре.

Откако Ли Ман му ги вратила парите на бизнисменот, тој ѝ понудил награда од 200.000 денари, но таа ја одбила. Иако оваа сума е речиси колку нејзината годишна плата, таа не ги зела парите, затоа што сакала чесно да си го заработи лебот.

Сподели на Facebook
пати видено